(ФОТО) Крај Неапол првиот погреб на жртвите во уривањето на надвозникот во Џенова

погребот на четирите жртви од Торр дел Грасо

Погребот на првите четири жртви кои ги загубија животите во вторникот при уривањето на вијадуктот во северниот италијански град Џенова, се одвиваше попладнето во петокот во гратчето Торе дел Греко крај Неапол, пренесуваат италијанските телевизиски канали.

Еден од главните столбови и поголем дел од надвозникот Моранди кој минува низ Џенова како дел од автопатот А10 се урна во вторникот околу пладнето врз магацини и железничката пруга Џенова – Милано. Според очевидци, за време на трагедијата на надвозникот имало повеќе од 30 автомобили и товарни возила. Според податоците на локалните власти, бројот на жртвите изнесува 38 луѓе. Во болниците уште има десет лица, од кои девет се во критична состојба. Пет лица, притоа, се водат како исчезнати, а спасувачката операција продолжува трет ден.

Италијанската влада одлучи да се одржи државен погреб на жртвите од трагедијата во Џенова во сабота, кога е прогласен и национален ден на жалоста. Сепак, роднините на речиси половината од жртвите го одбиле тоа и повеќе сакале да ги погребат останките на своите најблиски во кругот на семејствата. Според медиумите, таква одлука донеле семејствата на 20 жртви.

Дванаесет ковчези, од кои еден бел детски, се изложени во петокот во импровизираната капела во Џенова, каде што од претпладнето се собираат семејствата на овие жртви, родните и пријателите, пренесува агенцијата ANSA. На ковчезите се поставени имињата на загинатите и препознатливи ознаки, како на пример знаме на Чиле, шамија со мотиви од Џенова, кукла, и многу цвеќе претежно бело, додава агенцијата. Попладнето се поставува олтарот, околу 1.500 столчиња, посебно место за семејствата на жртвите, а голем екран ќе биде инсталиран во друг павилјон од саемскиот комплекс.

Истовремено во петокот во Торе дел Греко се одржуваше погребната церемонија на четворицата млади мажи од кои се простуваат нивните сограѓани.

Таткото на една од жртвите, 29-годишниот Џовани Батилоро, со огорченост пред погребот изјави за новинарите дека „државата не ги заштити своите граѓани“. „Од утре започнува борбата да се најдат виновниците за смртта на мојот син, неговите другари и сите други жртви“, додал.

„Неприфатливо е да се умре поради небрежност, неодговорност, површност, бирократиам, зашто ова е и вистинско насилство, злосторство против човек, против човештвото“, ја цитираат италијанските медиуми изјавата на кардиналот Крешенцио Сепе, надбискуп на Неапол, за време на погребната служба.

Un’immagine della camera ardente per le vittime del ponte crollato il 14 agosto allestita alla Fiera di Genova, 17 agosto 2018. Domani i funerali che saranno celebrati dall’arcivescovo Angelo Bagnasco, 17 agosto 2018. ANSA/LUCA ZENNARO

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.