(ФОТО) Кржалоски: Потребен е чесен и искрен пристап кон сите млади од целата држава

237

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, денеска ја отвори еднодневната обука под наслов „Градење организациски вештини“.

На отворањето, претседателот рече дека младите треба да веруваат себе и да работат на градење на своите вештини и знаења. „Само со знаења можеме да ги победиме неквалитетот, незнаењето и неспособноста. Да работиме заедно за интересите и иднината на младите. Потребен е чесен и искрен пристап кон сите млади, од цела држава.“

Обуката, која генерално е наменета да ги зајакне основните организациски вештини на членовите на комисиите и општинските комитети на Унијата на млади сили, е посетена од повеќе од 60 членови и симпатизери.

Темите на кои ќе се дискутира на еднодневната обука ќе опфаќаат споделување на искуства од водењето на републичките комисии во минатото и денес, комуникација со релевантни актери, мапирање на стејкхолдери, како и основи на организирање и планирање. Со оваа обука, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ најавува продолжување на добрите практики за градење на човечките капацитети на членството и во наредниот период, преку организација на слични обуки, семинари и конференции низ цела Република Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.