(ФОТО КУРИР) Сѐ уште се извлекуваат патниците од автобусот кој се преврте кај Ласкарци

Патнички автобус со 50-ина патници излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, потврдија од Здравствен дом Скопје.

На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница.

Од МВР сè уште чекаат поконкретни информации. Според прелиминарните сознанија, а автобусот минал на спротивната коловозна лента и ја пробил заштитната ограда, по што се превртел на покривот.

Според непотврдени информации, за жал, во несреќата има и жртви. Покрај тоа, во дел од медиумите се појавија информации дека можна причина е наводен инфаркт на возачот, или пукнување на гума.