(ФОТО) Лејди Гага го покажа задникот, позира во минијатурно бикини

113

Лејди Гага објави нова провокативна фотографија на својот Инстаграм профил, каде ја следат дури 47,7 милиони луѓе. Имено пејачката ги запали социјалните мрежи со фотографијата на која позира во минијатурно бикини.

35-годишната ѕвезда, со своите обожаватели, сподели моменти од сончањето во нејзиниот двор во Малибу, откако неодамна го смени имиџот и ја обои својата руса коса во кафеава боја. Таа не напиша ништо со фотографијата, остави само емотикон сирена.

Пејачката пред неколку дена се појави во јавноста со нов имиџ, и иако, откако се појавија нејзини фотографии од сетот на „Куќата на Гучи“ со главната улога на неславната Патриша Реџани, се веруваше дека таа носи само кафеава перика, се чини дека таа навистина стана бринета.

Во последно време, Гага го поминува секој слободен момент со своето ново момче Мајкл Полански, кој дури беше со неа во Италија додека го снимаше филмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.