(ФОТО) Лева рака нема, со десната ги допре највисоките врвови

Хазардерот Кевин Шилдс на 35 години успеа да освои некои од најопасните врвови во Британија. Тоа можеби и не би бил толку голем подвиг, ако ова момче не е родено без една рака.

raka 1Овој Шкотлаѓанец од Ајершир кој на отворањето на Параолимписките игри имаше чест да го запали огнот на Бен Навис, е еден од најдобрите планинари од Велика Британија. За негова несреќа и покрај физичкиот инвалидитет боледува и од епилепсија.

Шилдс е роден со непотполно развиена лева рака, но никогаш не дозволувал тој деформитет да му биде пречка во животот, а последните 10 години со планинарење се занимава без ничија помош.

Имено, за од страв да не претставува опасност за другите, на своите искачувања не води никој, за да не ги загрозува ако нешто тргне на лошо.

Во својата намера да ги тестира своите физички и ментални граници, Шилд една деценија успешно одговара на сите предизвици, а неговите упорност и сила се воодушевувачки имајќи предвид дека стресните ситуации кај него предизвикуваат епилепсија.