ФОТО| Локални функционери на СДСМ веднаш застанаа до Данела Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која пред неколку денови недолично и нервозно од говорница во Советот се испокара со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а наместо одговор на советничко прашање држеше политички говор со критики за лидерот на партијата Христијан Мицкоски, не чекаше долго да го покаже новиот „правец“ на дејствување.

Арсовска откако го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и секретарот на Градот Ѓоко Велковски, бидејќи се сомневала дека го местеле тендерот за пречистителна станица, за само една недела постави нови луѓе околу себе. А, интересно е тоа што се истакнуваат и лица кои доаѓаат од за неа спротивниот политички табор, со кој беше во трката за скопски градоначалник.

Денеска на прес-конференција за реконструкција на улицата „Перо Наков“, во општина Гази Баба, веднаш до Арсовска можеше да се забележи Маја Ристова, член на раководството на СДСМ Бутел.

Од ВМРО ДПМНЕ посочија дека Арсовска веќе нема никаква врска партијата.

„На здравје коалиција со антимакедонската и дезертерска СДС која ѝ плаќа билборди и спотови. СДС ги плаќа билбордите и видеата на Арсовска, коалиција дезертерска темелена на уцени и бизнис интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Не поминаа неколку дена се покажаа вистинските мотиви на Арсовска, тајните средби со дезертерот Ковачевски и Зечевиќ имаат ефект, тие и ги плаќаат билбордите низ Скопје, за политичка пропаганда. Арсовска наместо да работи се занимава со политиканство, одработува затоа што е уценета. Арсовска свесно го загрози проектот за прочистителна станица на реката Вардар. Таа спротивно од препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакаше да менува комисија во тек на постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.