(ФОТО) Ложење гуми во печки за вар кај струмичкото село Костурино

Во близина на Костурино, општина Струмица, се произведува вар на најканцероген и токсичен начин, односно со ложење на гуми во печките за вар, што претставува страшен криминал, предупредуваат од активистичкото движење О2 Иницијатива.

Според објавата на фејсбук профилот на активистите, ваквата практика траела со годиини, но никој не презема никакви мерки, иако станува збор за активност којашто е забранета и за што треба да се понесе одговорност.

„Производство на вар на НАЈКАНЦЕРОГЕН, МУТАГЕН, ТОКСИЧЕН начин е КРИМИНАЛ!!!! За ова не оставки, ЗАТВОР!!! После граѓаните да не ширеле паника, имало недоверба во инспекцијата. Не недоверба, за вас само камера во живо! Како е можно ОВА да тера со години ВАКА и НИКОЈ НИШТО да не преземе!!! Ова е ЗАБРАНЕТО со закон!!! Инспекторите кои се надлежни за ова, АПСОЛУТНО И НЕОТПОВИКЛИВО да добијат отказ и да се поведат КРИВИЧНИ пријави против нив!!! И сите кои знаеле за ова, а не сториле ништо, а имале ингеренции да ОДГОВАРААТ КРИВИЧНО!!!! Празни фрази само се делат и лудило се глуми. Ова е НЕЗАМИСЛИВО!!! За ова се одговара пред суд за човекови права!!!!!“. се истакнува во објавата на О2 Иницијатива.

Актуелната владејачка гарнитура дојде на власт пред две години, меѓу другото и со ветувања за „зелени реформ“, меѓутоа и покрај декларативноста дека некои планови се во тек, кризата со енормното загадувањет на воздухот продолжува, во најголем дел и со несмалено темпо.

Така, на почетокот од декември показателит од ткн Дикенсиан табелата придонесоа за репутацијата на Македонија како земја со екои од најлошите годишни просечни загадувањето на воздухот во Европа, па и во светот. Според најконзервативните процени, на аерозагадувањето е директна причина за предврена смрт на најмалку 2.000 граѓани. Тетово неодамна беше на највисокото место на некои глобални листи на загадување, како и главниот град Скопје, кој често се рангира меѓу најлошите на планетата според нивото на отровните честички.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.