(ФОТО) Лука Дончиќ во новите патики

Лука Дончиќ конечно потпиша богат договор со Ер Џордан и веќе синоќа ги покажа новите патики од спонзорскиот договор.

Дончиќ се врати по повредата и ги предводеше Далас Маверикс до победа против Сан Антонио Спарс. Оствари 24 поени, 10 скокови и осум асистенции, а на себе ги носеше новите патики. Многу ѕвезди од НБА му посакаа добредојде во семејството на Ер Џордан.

20-годишниот Словенец во минатото имаше договор со Најк, кој истече минатото лето, но сега доби фантастичен договор.

„Знам се за марката Џордан. Сите во Европа зборуваат за него. Тој е идол на сите кошаркари и љубители на кошарката. Баш е необично што станав дел од оваа компанија”, изјавил Дончиќ во соблекувалната пред новинарите, откривајќи дека омилен модел му се Џордан 4.

Во последниот натпревар против Спарс ги носеше најновите модели на серијата Џордан, 34. по ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.