10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ФОТО) Македонија со највисока стапка на смртност од Ковид-19 на Балканот

Светот надмина еден милион смртни случаи од коронавирус, а Македонија е прва од државите на Балканот на црната листа по жртви од Ковид-19.

Би-Би-Си во својата анализа за позитивните и смртни случаи од коронавирусот во светот, објавува детален приказ. Според истиот, Македонија има највисока стапка на смртност на 100.000 жители како последица од вирусот.

Македонија бележи 34.7 смртни случаи на 100.000 жители, Косово 26.4, Црна Гора 25.2, Босна и Херцеговина 24.7, Романија 24, Албанија 13, Бугарија 11.2, Србија 10.7, Словенија 7.0, Хрватска 6.5, Грција 3.6.