(ФОТО) Мексиканците пред заминување на мундијалот на забава со проститутки

Девет мексикански фудбалски репрезентативци, коишто ќе настапат на Светското првенство во Русија коешто започнува следната седмица, фатени се на забава пред заминувањето во друштво во триесетина ткн ВИП проститутки, јави агенцијата AFP повикувајќи се на локалните медиуми.

Телевизиската станица TVNotas објави фотографии од доаѓањето на некои од учесниците на забавата којашто се случила во саботата вечерта на приватени имот, веднаш по победата на Мексико во подготвителниот натпревар против Шкотска од 1:0.

Но и покрај тоа, играчите коишто учествувале на забавата нема да бидат казнети бидејќи „не пропуштиле ниеден тренинг“ и учествувале на забава „во своето слободно време“, изјави за медиумите генералниот секретар на мексиканскиот фидбалски сојуз, Гиљермо Канту.

„Ден за одмор е ден за одмор, тоа е ризикот кој го добивате со слободата“, кусо го коментирал случајот Канту.

Меѓу играчите на мексиканската репрезентација кои учествувале на забавата со проституките биле голманот на Стандард Лиеж, Гиљермо Очоа и напаѓачот на лисабонска Бенфика, Раул Хименез. Во прилогот на TVNotas се споменуваат и имињата на натурализираните Бразилци браќата Жонатан и Џовани дош Сантош, играч на Лос Анџелес Галакси, како и на бекот Карлос Салседо и играчот од средината Марко Фабијано, двајцата играчи на Анјтрахт од Франкфурт.

Ова не е прв ваков случај во кој се инволвирани мексиканските репрезентивци. Во септември 2010 година мексиканските фудбалери организирале слична забава по натпреварот во Монтереј, а учесниците потоа беа казнети со парична казна додека Ефраин Хуарез и Карлос Вела беа суспендирани на шест месеци. Во јуни 2011 година, пак, мексиканските фудбалери пред патот на Копа Америка во Аргентина имале забава за проститутки во Квито во Еквадор, а казенти беа, исто така, парично и со суспензии.

Мексиканската репрезентација во моментов е на подготовки во Копенхаген и во сабота пред заминувањето со Русија играат пријателски меч со домашната селекција на Данска. Мексико во Русија е во Групата Ф, со Германија, Јужна Кореја и Шведска.