6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ФОТО) Мицкоски пристигна пред „Мавровка“, а полицијата го ослободи момчето кое беше насилно приведено

Член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, насилно е приведен од полицијата додека бил на протестот што го организира партијата кај крстосницата во близина на  „Мавровка“.

Како што веќе објави „Нетпрес“, уапсениот демонстрант со мобилен телефон почнал да снима на што полицијата бурно реагирала наредувајќи му да прекине со снимањето. Тој им се спротивставил со образложение дека снима на јавен простор и не прави ништо противзаконско, а откако одбил да ја спроведе нивната бесмислена наредба, брутално бил уапсен и спроведен во полициска станица.

Кога дозна за овој случај, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш се упати кон Мавровка, која е една од трите локации на кои партијата денес организираше предупредувачки протести.

По приведувањето на младото момче, се направи притисок на присутните кај блокираната раскрсница кај Мавровка, а откако пристигна Мицкоски, партискиот член беше ослободен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.