(ФОТО) Мицкоски во Битола откри дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува нова програма

Новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вика „Нов завет“, откри во вторникот вечерта од Битола лидерот на партијата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

„Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира, ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги коригираме за во иднина“, рече Мицкоски.

Преспа е еден убав град во Република Македонија, запрашан за тоа како ги коментира најавите за името Северна Македонија како решение на спорот со Грција и можниот договор во Преспа.

„Тоа се новинарски шпекулации, полуинформации, полувистини. Ние сме надвор од процесот, комплетно сме исклучени од каква било информација, она што најчесто го добиваме како информација е од новинарски текстови и она што кај нашиот јужен сосед се лиферува како вест. Инаку Преспа е убав град во Република Македонија каде што има едно прекрасно езеро“, рече Мицкоски.

Преспа, инаку, беше спомената во грчките медиуми како локацијата на којашто  ќе биде потпишан евентуалниот договор за името меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев односно Алексис Ципрас.

Мицкоски во вторникот  вечерта се сретна со членството и симпатизерите од Битола, а меѓу нив присутни беа и голем број поранешни директори и функционери. Мицкоски при посетата на Битола, прошета и низ Широк Сокак, а доби и масовна поддршка од битолчани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.