ФОТО: Министер злоставувал малолетничка во Бања Лука

Полицијата во Република Српска приведе екс-министер во владата на РС осомничен за сексуално злоставување на 12-годишно девојче од Бања Лука.

Според тамошните медиуми, се работи за поранешен министер за одбразование, Ненад Сузиќ од Бања Лука, кој се сомничи дека сексуално го злоставувал девојчето подолг периодот, така што ја допирал и велел со никого да не разговара за тоа.

Случајот го пријавило основното училиште во кое оди девојчето, по што Сузиќ итно бил приведен.

Сузиќ работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Бања Лука, на предметот Општа педагогија и методика на воспитно-образовниот процес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.