ФОТО: Министерката Царовска против продолжување на породилното отсуство

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на Владата и предлага да се произнесе против продолжување на породилното отсуство за мајките, открива документ од вчера одржаната владина седница објавен на социјалните мрежи.

Во документот се вели: Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска ги информираше членовите на Владата дека Предлог-законот за изменување на Законот за работни односи,поднесен од група пратеници (во делот на продолжување на породилното отсуство) се наоѓа во собраниска постапка и дека ставот на Министерството за труд и социјална политика е да се заземе негативен став по предлогот, имајќи ги предвид сериозните фискални импликации“.

carovska porodilno