ФОТО| Министерот Филипче ја прими и втората доза од кинеската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими  и втората доза од вакцината Синофарм.

-Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител Синофарм. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид 19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот, напиша Филипче на Фејсбук.

т