ФОТО| Mинува времето на градоначалниците кои ѝ должат на фамилијата од Струмица и кои имаат стан во секоја нова зграда, па ги викаат комшии

806

Гевгелија носи посебно место во нашите срца. Ова е градот каде во исто време мириса на планинскиот воздух од Кожув, и на медитеранските струи од југот. Но од вечерва, има и еден друг мирис, тоа е силно изразен а тоа е мирисот на промените. Во Гевгелија тие ќе се случат затоа што тоа народот го бара и посакува, а промените ќе се случат затоа што е време, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вторникот претставувајќи партискиот кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, Андон Сарамандов.

Мицкоски потсети дека Гевгелија раѓала „грамадни големини низ времето“, чии луѓе од Организацијата биле страв и трепет за поробувачите.

„Историски Македонија ги памети синовите и ќерките на овој град, како војводите Аргир Наков Манасиев, Леонид Јанков, партизаните Јосиф Јосифовски, Иван Дојчинов. Но и оние кои со перо се бореа за каузата и оставаа дела зад себе како Илија Џаџев, Камберски, Старделов и други. Овие имиња ги изговарам и на нив потсетувам само за да го доловам богатството на нашиот идентитет, затоа што оваа почва раѓала јунаци подготвени за пушка, но и со перо и хартија да се борат за своите идеали“, рече Мицкоски.

Истовремено посочи дека „не помала задача имаме и ние современиците денес“, како и дека е минато времето која „пушката имаше значење“, туку дека задачата на ВМРО-ДПМНЕ сега е „да ја извадиме земјата во хаосот и апатијата во која е фрлена и оставена од неодговорните и неспособни луѓе“.

„Апатијата во која се наоѓа Македонија не е само последица од една грешка или повеќе грешки, туку од еден континуитет на погрешни одлуки и владеења кои оставаа белег на секоја една генерација млади луѓе.

За жал имаме општество каде се владее преку делби и конфликти, а секоја акција во тој поглед подразбира и соодветна реакција. Така во животот. И се та така се врти во еден ист магичен круг. И затоа народот си мисли се најлошо за нас политичарите, не само за нас политичарите туку и за политиката како таква и често пати кога зборуваме за нас политичарите и политиката на народот му доаѓа чувство на гадење. А што друго би помислиле кога секој ден слушаме афери, скандали, неправди… И една сеопшта психоза каде актуелната власт се претвора во убиец на секоја надеж. Тие сакаат да ја убијат секоја надеж за да не гледате и расудувате јасно и да мислите дека буквално сите ние сме исти. Но не е така, не сме сите исти. Сето ова е надополнето со една кампања на релативизирање. Релативизирањето кое го прават само за да замајат едно наше искрено чувство на поинаква перцепција“, рече Мицкоски

Појасни дека при појава на голем скандал, за што истакна дека се случуваат „на дневна основа“, се појавуваат гласноговорниците на власта „да набедат дека тоа не било толку лошо, затоа што се правело и порано, а тоа што било порано како по дефиниција го опишуваат како најлошо.

„Но не им верувајте. Тоа е рецептот да си помислите, а и вие самите да се убедите дека сите се исто зло се сите“, порача Мицкоски.

„ Да ви кажам, не сум ниту судија, ниту полицаец, и народот добро споредува и оценува кој што правел, но знам дека на сцена имаме нова генерација на политичари во ВМРО која ќе го победи овој режим од власт, и оваа стагнација и апатија и песимизам.

И затоа стојам овде пред вас и барам доверба за овие луѓе. И да ви кажам уште една работа, можат да проговараат за многу работи, но на ВМРО за денес, или било кога порано не може да му проговараат за една работа, а тоа е дека сме способни, подготвени и работливи. Помножено сто пати повеќе во однос на оваа неспособна власт која што денеска пустоши во Македонија и овде во Гевгелија, и она што ВМРО-ДПМНЕ како проект ќе го осмисли, науми, тоа и ќе го реализира. Никогаш не се плашиме од работа.

Затоа денес сме тука во Гевгелија. Доаѓаат локални избори кои се многу повеќе од локални.  И сакам да испратам неколку пораки до нашиот кандидат Андон Сарамандов кој е најдоброто решение за Гевгелија.

И овие пораки како тоа што го започнав сакам повторно да ги пренесам преку едно отворено писмо каде што на крајот од овој мој говор ќе биде затворено во плико и ќе му биде него предадено“, рече Мицкоски.

Посочи дека писмото до идниот градоначалник на Гевгелија е „моето, нашето заедничко верују, нашата тврдина од која што нема повлекување…. Нашиот завет пред народот на Гевгелија и Македонија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.