(ФОТО) Млад мотоциклист загина крај Гостивар

Фатална сообраќајка се случила денеска околу 14.20 часот во близина на Гостивар кога 25-годишник од гостиврското село Здуње го загубил животот откако со мотор „јамаха“ удрил во приколка од трактор.

Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево. Набрзо по несреќата, екипа на Брза помош дошла на местото, но дежурниот лекар констатирал смрт која настанала како последица од повредите што ги задобил при ударот.

ФОТО: Република.мк