ФОТО| Млада бразилска инфлуенсерка неколку часа пред својата смрт објави потресна порака

Дваесет идвегодишната бразилска инфлуенсерка Жулија Хенеси Кујуела трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, а само неколку часа претходно поставила форографија чијшто опис ја смрзнува крвта.

Младата инфлуенсерка патувала со сопругот со мотоцикл. Несреќата се случила во Бразил, Жулија била итно префрлена со хекикоптер во критична состојба, каде подоцна починала, а нејзиниот сопруг Даниел останал во болница во критична состојба.

Само неколку часа пред смртта, Жулија на Instagram поставила фотографија, чиј опис како да ја навестувал трагедијата: „Животот е кс, ајде да лудуваме – јас, ти, Господ и патот“.