(ФОТО) Му го сменила личниот опис на крадецот, кој не знаел дека е ММА натпреварувачка

Крадец беше брутално претепан од 26-годишна натпреварувачка во ММА.

Виана, за време на турнир во Рио де Жанеиро, излегла од својот стан во саботата вечер и чекала такси, а непознат маж се приближил до неа и се обидел да ја ограби со лажен пиштол. Виана не се уплашила, туку му нанела тешки удари.

Кога тој виде дека јас го забележав, седна до мене. Ме праша колку е часот, јас му одговорив, но видов дека нема намера да си замине. Тој извика „Дај ми го телефонот. Не се обидувај да правиш нешто, бидејќи јас сум вооружен”. Помислив дека ако навистина тоа е пиштол тој нема да може да го извади навреме, па го удрив двапати, по што пиштолот му падна, а него го онеспособив и викнав полиција, изјави Виана.

Таа дури успеала и да го фотографира крадецот, кој потоа беше ослободен од затвор, бидејќи не успеал да украде ништо, а пиштолот му бил лажен.