ФОТО| Мукаетов им честита на кадетите за успехот во Рига!

Кадетската репрезентација на Македонија успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, откако во финалето триумфираше против Швајцарија. Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа убедлив турнир, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на кадетските Европски и Светско првенство, објави гол.мк

Овој пласман беше главната цел на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради огромниот влог за идните кадетски собири. Откако Стојановиќ и своите пулени ја исполнија целта, по враќањето во Македонија имаа свечен прием во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов ги дочека ракометарите и стручниот штаб, лично им честиташе и им посака среќа. Кадетите на Стојановиќ се атрактивна репрезентација која ветува, па во иднина може да се очекува дел од овие играчи да дојдат и во сениорскиот состав.