(ФОТО) МВР распиша потерница за Мијалков и објави негова фотографија на сајтот на Министерството

Министерството за внатрешни работ (МВР) и официјално распиша национална потерница по Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, кого го нема од вчера попладне откако полицијата го бараше да му го врачи решението за куќен притвор.

„Мијалков Сашо, од татко Јордан, мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 , кривично дело Злосторничко здружување од член 394 и кривично дело ‘Примање награда за противзаконито влијание‘ по член 359 од КЗ.“, се вели во објавата на МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.