ФОТО| На 103 години почина првата италијанска независна фотографка Марсела Педоне

Правата италијанска „фриленс“ фоторепортерка Марсела Педоне починала во средата на 103-годишна возраст, извести нејзиното семејство.

Педоне, родена во Рим во 1919 година на 27-ми април 2022 година наполнила 103 години.

Откако дипломирала на филологија во Венеција, Педоне ја започнал кариерата во Германија како репортерка, а потоа работела за произведувачи на фотографска опрема и на германските универзитетот држела предавања за Италија.

Во меѓувреме во Германија ги изложувала своите фотографии на помалку познатата Италија која брзо се менувала во тој период.

Благодарејќи на големиот успех што го постигнала со интересните предавања, била ангажирана од фото-агенцијата „Bavaria“. Соработувала и со компанијата „Ferrania“ која ја ангажирала за промоција на филмови во боја, фотографии и куси играни филмови. Потоа и самата се впуштила во снимање куси документарни филмови.

Со години ја обиколувала Италија со својот автомобил, фотографирајќи ги рибарските и планинските села, рудниците, фабриките и градилиштата. Тие нејзини снимки го документирале преобразувањето на Италија од земјоделска во индустриска земја.

Со работата продолжила и по пропаѓањето на компанијата „Ferrania“. Дотогаш вее имала голем број исклучителни фотографии за кои биле заинтересирани компании како „Aristee“, „Loeschera“ и „De Agostiniа“.

Во 2017 година Педоне ја донираше својата колекција од 170.000 фотографии, снимени во текот на повеќе од половина век работа, на миланскиот Музеј на науките и технологиите, заедно со фотоапаратите коишто ги користела низ годините. Нејзината драгоцена збирка фотографии и денес е предмет на проучување на бројни студенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.