(ФОТО) На 2.000 мртви од Ковид 19, СДСМ слави победа во Штип

СДСМ веќе слави победа на изборите за градоначалник на Штип и покрај тоа што досега во Македонија има 2.000 починати од Ковид 19. На градскиот плоштад приврзаниците ја прославуваат победата во придружба на музика, а во партискиот штаб пристигна и кандидатот за градоначалник Сашко Николов, кој се очекува да има обраќање, објави 360степени.мк. И сето ова кога секојдневно има по 1.000 новозаразени од Коеона вирус.

Во меѓувреме, неколку функционери и истакнати членови на СДСМ преку социјалните мрежи објавија честитки за победата на нивниот кандидат за градоначалник на Штип, Сашко Николов.

Меѓу нив е и партискиот портпарол и пратеник, Костадин Костадинов.

„Огромна победа за победнички СДСМовски Штип, но уште поголема победа за цела Македонија! За модерен, за европски Штип, напиша Костадинов.

Честиташе и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Мојот другар, мојот доктор, Сашо Николов, нов градоначалник на Штип. Честитки Сашо, честитки Штип“, вели Шилегов.

Победа на Николов прогласи и Андреј Жерновски.