ФОТО| Најмалку 46 загинати во силниот земјотрес во Индонезија

Речиси 46 луѓе загинале и уште најмалку 700 се повредени во земјотресот со магнитуда со 5,6 по Рихтер кој во понеделникот ја погоди индонезиската покраина Западна Јава, соопштија локалните власти.

Ерман Сухерман, владин функционер во Цијанџур, град во Западна Јава каде бил епицентарот на потресот, изјавил за локалниот телевизиски канал MetroTV дека загинале до 20 луѓе чиишто тела се пренесени во една болница во регионот.

„Според податоците коишто во моментов ги поседувам, само во една болницата во  Цијанџур има 46 мртви луѓе, а најмалку 700 кои се лекуваат таму. Повеќето имаат скршеници откако останале заробени во урнатините на зградите“, изјавил претхдно Сухерман.

Националната агенција за катастрофи претходно извести за 14 загинати.

Епицентарот бил на околу 75 километри југоисточно од индонезиската престолнина Џакарта, на длабочина од 10 километри, објави националниот метеоролошки и геофизички завод BMKG, додавајќи дека нема опасност од цунами.

Потресот неколку секунди се чувствувал во Џакарта во понеделникот. Некои се евакуирале од канцелариите во централниот деловен кварт на главниот град, додека други преку социјалните мрежи известуваат дека почувствувале нишање на зградите и придвижување на мебелот.

Шефицата на BMKG, Двикорита Карнавати за новинарите во зградата на парламентот изјави дека им советува на жителите да останат на отворени простори доколку се случат афтершокови.

Суко Прајитино Ади од BMKG рече дека властите ги проверуваат димензиите од штетите кои ги предизвикал земјотресот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.