(ФОТО) Најмалку 62 повредени во протестите во Каталонија

Најмалку 62 лица се повредени во петокот во шпанската покраина Каталонија, од кои 41 во главниот град Барселона чии улици се претворени во бојно поле на кое повеќе од шест часа траат судирите меѓу поборниците на независноста на покраината и полицијата, пренесува во петокот ноќта електронското издание на весникот El Pais.

На петтиот ден од протестите, откако беа осудени каталонските политичари поборници за независност, во вториот град по големина во Шпанија избувнаа незапаметени безредија. Во центарот на Барселона се запалени огнови и поставени барикади зад кои демонстрантите со прекриени лица ја гаѓаат полицијата со камења, цигли и други предмети. Полицијата возвраќа со гумени куршуми, солзавец и палки. Според последните податоци, кои постојано се менуваат, само во Барселона се повредени 50 лица.

Во текот на судирите во различните градови на покраината во текот на оваа седмица настраделе најмалку 550 луѓе, од кои повече од 200 се припадници на полицијата. Истовремено притворени се повеќе од 130 лица.

Каталонската полиција ги повика жителите да ги одбегнуваат областите на судири во Барселона. Извести дека околу 4.500 демонстранти, од кои 500 „многу опасни“, се наоѓаат зад барикадите.

„Несомнено ова е најтешката ноќ досега“, изјавил Пабло Перзе, портпарол на JUPOL, полициски синдикат кој тврди дека полицијата не располага со соодветна опрема за сузбивање немири.

Ноќта ја осветлуваат огнови, се слушаат полициски сирени, како и истрели на гумени куршими и петарди. Полицијата ноќта почна да користи и водени топови за растерување на демонстрантите.

Во Барселона во петокот попладнето се собраа 525.000 поборници на независноста на Каталонија во протест против пресудите на мадридскиот суд за нивните челници, соопшти градската полиција. Главниот собир, организиран на повик на двата најголеми синдиката, минал мирно со истакнување транспаренти.

„Треба да се разликува овој мирен протест кој го организираат синдикатите и ова насилство на радикалните групи. Надлежните институции ги извршуваат своите дејности за да го осигураат јавниот мир. Нивната работа не се доведува во прашање“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Фернандо Гранде-Марласка.

Кабинетот на каталонскиот претседател Квим Тора свика итен состанок.

„Се надевам дека ова е последната ваква ноќ. Ова не е нашиот начин“, истакан Микел Буш, министер за надворешни работи на Каталонија. Демонстрантите ја бараат неговата остаква. Додаде дека на полицијата константно ѝ пристигнува засилување, бидејќи не успева да ги сузбие безредијата.

„Ова е пекол. Го гледам својот град и плачам. Барселона стана Багдад. Огорчен сум“, изјавил Алберто Ривера, лидер на центристичката партија Граѓани, која се противи на независноста на Каталонија.

Ривера го критикуваше шпанскиот премиер Педро Санчез затоа што не вовел вонредни мерки. Претходно во петокот Санчез, кого го очекуваат вонредните парламентарни избори на 10-ти ноември, повтори дека не е потребно претерано да се реагира со вонредни мерки. Претходно седмицава порача дека тоа само би довело до спирала од насилства.

Во понеделникот Врховниот суд во Мадрид осуди девет каталонски функционери на затворски казни од 9 до 13 години поради организирањето на референдумот за независност. Осудени се за поттикнување бунт и трошење на јавни пари за организирање на забранетиот плебисцит од 1-ви октомври 2017 година, што беше поводот за протестите кои прераснаа во безредија.