ФОТО| Најмалку три жртви и над 100 исчезнати во свлечиште во Јапонија

Најмалку три лица загинале а повеќе од 100 се водат како исчезнати, откако силните дождови во текот на викендот создадоа свлечишта во јапонскиот град Атами, пренесуваат во понеделникот локалните медиуми.

Покрај тројцата загинати, уште 113 луѓе според ревидираните податоци се водат како исчезнати во приморскиот град Атами, на околи 90 километри од Токио. Силните врнежи изминатите два дена предизвикаа поплави и оддрони на земјишта во областа.

Свлечиштата погодиле околу 130 згради во граот, кој е сместен на стрмна падиниа во залив, познат по одморалиштата со топли извори.