(ФОТО) На националната додадена и меѓународна потерница по Мијалков

Националната потерница по поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Сашо Мијалков, на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи во понеделникот попладнето е ажурирана и со меѓународна потерница

Министерството за внатрешни работи и официјално ја распиша меѓународната потерница за Мијалков, кој од вчеравечер е недостапен и во бегство.

Засега не е познато дали издавањето на оваа потерница е поради евентуални сознанија дека поранешниот шеф на тајната полиција повеќе не е на територијата на земјата.