ФОТО: На новинарот Иванов му се допаѓа барокот во Белград, што не му се допаѓа во Скопје?

За време на своето патување во Белград, новинарот на 24 Вести Мишко Иванов објавува фотографии на својот Фејсбук профил, пишува порталот „Курир“.

Онаа која најмногу му се допадна и ја постави за профилна слика на социјалната мрежа Фејсбук, Иванов, кој инаку е познат како еден од најгласните критичари на барокот во Скопје, ја направи пред барокна зграда.

foto-na-novinarot-ivanov-mu-se-dopagja-barokot-vo-belgrad-shto-ne-mu-se-dopagja-vo-skopje-1

Очигледно, на Иванов му се допаѓа барокот на било кое друго место освен во градот каде живее и работи.

-Проблематичен е и стилот, барок. Зошто барок на кого му се допаѓа, имаше ли референдум за целиот проект, зошто се е сконцентрирано во Скопје, во центарот на метрополата. Велат за вкусовите не се разговара, но големи странски стручњаци сепак овој проект го прогласија за кич на деценијата, напиша овој новинар во колумна за еден портал.

Точно, за вкусовите не се расправа. Но човек вкусовите не ги менува, а му служат и за дома и за во странство. Ако на Иванов му се допаѓа барокот во соседна Србија, конкретно во Белград, се прашуваме што и зошто не му се допаѓа во барокот во Скопје?!