(ФОТО) На протестот во Белград напад со нож пред парламентот

Во неколку градови на Србија и во петокот вечерта се одржуваат протести против владата, кои пред три дена започнаа под изговор за незадоволство од епидемиолошката и политичката ситуација во земјата по неодамна завршените парламентарни избори на 21-ви јуни, а пред Скуптшината (парламентот) по 21 часот започнаа инциденти.

Како што јавуваат белградските електронски медиуми, вечерва и демонстранти и полицајци имаат помалку од претходните денови. Пред зградата на српскиот парламент поставена е метална ограда, а откако стотина агресивни демонстранти се обиделе да влезат во парламентот, на платата пред зградата на Скупштината се распоредени единици на жандармеријата и интервентната полиција.

Протесот започна мирно, со блокада на сообраќајот кон центарот на Белград, а неколку групи агресивни демонстранти, од кои повеќето со „фантомки“ преку лицата, биле многу агресивни спроед извештаите на репортерите од местото на настанот. Во ден момент новинарите биле истуркани од скалилата пред парламентот, а демонстрантите ги кршеле прозорците на зградата.

Полицијата по 22 часот го зголеми бројот на своите припадници пред парламентот.

Претходно полицијата соопшти дека по нападот и убод со нож во расправија пред парламентот е уапсен 47-годишник кои го повредил 32-годишен маж.