(ФОТО) На свадба дошол со 6 трудници, убавици, сите бремени од него!

Ова не е некаков филмски трик. Само живееме одличен живот, изјави Прити Мајк и напомена дека тие се среќно семејство. Следбениците под фотографиите му пишуваа дека не им е јасно што се случува во неговиот живот…

Контроверзниот богаташ и сопственик на ноќниот клуб „Mike Eze-Nwalie Nwogu“, попознат под името Прити Мајк, ја изненади јавноста откако на венчавката на пријател од Нигерија дошол со шест трудници. За работата да биде уште почудна, тој изјавил дека сите жени се бремени од него.

Со 250.000 следбеници на социјалните мрежи тој сподели фотографии од венчавката со сите шест девојки кои биле слично облечени.

Instagram
Instagram

„Ова не е некаков филмски трик. Само живееме одличен живот“, изјави Прити Мајк и напомена дека се среќно семејство. Но, на неговите следбеници нешто не им беше јасно, па во коментарите постојано прашуваа што се случува и дали ова воопшто е нормално.

Instagram
Instagram

„Збунета сум“, коментираше нигериската актерка и режисерка Етиноса Идемудиа.

Instagram
Instagram

Уште претходно овој богаташ тврдеше дека има повеќе љубовни партнерки истовремено. Минатата година тој позираше со пет жени и изјави дека сака да се ожени со две поранешни девојки и три сегашни.

„Сите имаме соништа и фантазии“, изјави тој.

Instagram
Instagram

Пред три години Мајк, според пишувањето на нигериските медиуми, бил уапсен поради тоа што на девојките им ставал ланци и ги шетал на улица. Потоа потпишал изјава дека повеќе нема да го прави тоа, ниту пак ќе прави други деградирачни работи над жените.

Преземено од Еспресо.мк