(ФОТО) Наградата „Дама на годината“ за д-р Драгана Чифлиганец во Белград за иновативност во домувањето и за филантропија

Д-р Драгана Д. Чифлиганец синоќа во Белград ја доби престижната интернационална награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија. На 12-тата манифестација во Белекспо центарот, за избор на дами и џентлмени на годината, наградени беа истакнати жени и мажи од јавниот, економскиот и општествениот живот од Србија и Европа, меѓу кои и Ивица Дачиќ, потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи.

Извршната директорка на „Адора инженеринг“ на свеченоста беше претставена како силна и успешна млада жена, 15 години црсто етаблирана во „машкиот бизнис на висоградбата“, позната по трудољубивоста, упорноста, пионерските чекори за воведување на нов концепт на поквалитетно и хумано домување, базиран на светските стандарди и најнови трендови, потврден филантроп, силен лобист за родова еднаквост и женски права и докажан општествено одговорен активист.

Драгана порача дека ова е големо признание за неа и за Македонија, што како единствена добитничка годинава од нашата земја, ја поттикнува и натаму посветено да работи на воведување на иновациите во домувањето и на хуманите проекти за поддршка на поединците и заедницата. Наградата доделена на 8-ми март, Драгана Чифлиганец им ја  посвети на сите силни жени за кои славниот нобеловец Иво Андриќ запишал „Жената стои како капија, на излезот и на влезот во овој свет“.

Д-р Драгана Д. Чифлиганец е добитник на повеќе меѓународни и национални признанија, меѓу кои и „40 под 40“, 2019 во Амстердам за водечки млади бизнис лидери во Југоисточна Европа, „Менаџер на годината“ во 2012 во Македонија и „Дама во градежништвото“ во 2014-та година на Саемот за градежништво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.