ФОТО| Навивач на Сиваспор му го скрши носот на фудбалер на Фиорентина

Реванш натпреварот од осминафиналето на Конференциската лига меѓу турски Сиваспор и италијанската Фиорентина го одбележа инцидент во последните моменти од дуелот, кога домашен навивач втрча на теренот и го удри гостинскиот фудбалер Алесандро Бланко.

Фиорентина на гостувањето во Совас со 4:1 го победи Сиваспор, потврдувајќи ја победата од 1:0 од првиот натпревар во Фиренца.

Сиваспор поведе во 35 минута со голот на Ердоган Јестилјурт, но „Виолите“ возвратија со четири погодоци во низа. Во 44 минута израмни Артур Кабрал, а во второто полувреме стрелци беа Артур, Никола Миленковиќ во 62, Димотрос Гутас постигна автогол во 78 и Гаетано Кастровали во 90 минута.

Во моментите кога гостинските играчи го славеа четвртиот погодок, еден домашен навивач втрча во теренот и со тупаница го удри Бјанко, како што подоцна се покажа, кршејќи му го носот.

„Тоа што Бјанко беше удрен е едноставно срам, тој ниту го виде типот како доаѓа а сега има скршен нос. Публиката го туркаше својот тим напред, меѓутоа овој гест сѐ расипа. Страшно е што 20-годишник е жртва на такво насилство во една прекрасна вечер“, изјави за Sky Sport Italia тренерот на италијанскиот тим Винченцо Италијано.

Ова беше осмата последователна победа на Фиорентина на Конференциска лига.

„Ќе чекаме да видиме кого ќе го добиеме во четвртфиналето, но горди сме на она што досега го постигнавме. Имаме менталитет на вистинска екипа“, порача стратегот на Фиорентина.