(ФОТО) Не е американски филм – во Кочани пожарникар извади куче од канализациска шахта

Пожарникар во ТППЕ од Кочани, извади куче од отворена шахта длабока можеби 2 метри. Случајот кај пожарникарите го пријавила госпоѓата Славица Данилова од Кочани, која со внуците редовно шета во околината на комплексот „АСНОМ“, известува РадиоКочани.мк.

„Го сврте телефонот и пожарникарот, Благој Паунов, дојде за петнаесетина минути по што го извади уплашеното куче. Потоа телефонираше во „Водовод“ да се затвори шахтата.

kuce1.jpg
Канализациската шахта се наоѓа непосредно пред просториите на Радио Кочани. Металните поклопци од шахтите постојано се крадат и препродаваат како старо железо.
Шахтата во која беше паднато или фрлено кучето е отворена подолго време. Водовод од страна на нашето Радио беше информирано за украдениот поклопец“, јавува радиото.

kuc2.jpg

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.