(ФОТО) Немири во Атина, „летаат“ Молотови коктели и солзавци

Крв, чад, солзавци, камења… се само дел од нештата кои го отсликуваат центарот на Атина, по протестот за Преспанскиот договор, кој прерасна во жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Како што соопшти грчката полиција, на протестите учество зеле околу 60 илјади демонстранти, а до моментов е познато дека се повредени најмалку 15 лица. Инцидентите започнале откако полицијата била нападната со Молотов коктел на плоштадот Синтагма, а било возвратено со солзавец.

Во продолжение следува атмосферата од центарот на грчката метропола, прикажана преку објективот на фоторепортерот на Ројтерс.