(ФОТО) Необични суштества пронајдени на австралиска плажа

Жителка на астралиската сојузна држава Западна Австралија наишла на плажа во близна на градот Мандура.

Жената ги објавила серија фотографии на Facebook, на кои е она што таа го пронашла на плажата, видови растенија и животни, кои брановите ги исфрлиле на брегот.

Едно од суштествата е со темноцрвена боја. Некои од корисниците на социјалната мрежа коментираа дека станува збор веројатно за јајца на некое суштество или за плацента од делфин. Жената која ги нашла по истражување смета дека станува збор за заскитани анемони.

Мирсктие анемони, или актинии, спаѓаат во редот морски ползачи од класата на корални полипи, кои немаат минерален скелет. Повеќето анемони се организми кои живеат на едно места на цврста морска почва.

Претходно и нејзин сонародник сподели своие откритие на необично животно на плажа во околината на Перт. Еден од корисниците му препорача да го фрли суштеството во океан во пластична кеса, зашто според него станувало збор за ткн „убиец на кучиња“.

Подоцна, професорот Кулум Браун од Катедрата за биолошки науко при Универзитетот Мекквари појасно дека пронајденото животно е морски зајак.