ФОТО| Непалски војник е првата личност со ампутирани нозе над колената која се искачила на Еверест

Поранешниот непалски војник од заедницата Гурка, 43-годишниот Хари Буда Магар, стана првата личност со ампутирани две нозе над колената која се искачи на највисокиот планински масив на планетава, соопштија од неговиот тим.

„На врвот Сагармате стаса во петокот околу 15 часот по непалско време. Потоа се спушти во базниот камп, а во Катманду ќе се врати во понеделник попладне“, изјави во неделата за AFP Хим Биста, кои за Еверест го употребил непалскиот назив.

Магар двете нозе над колената ги загубил откако, додека во 2010 година ка член на бригада на Гурките служел во Авганистан, случајно стапнал на импровизирана експлозивна направа.

Непалската племенска заедница Гурки историски е дел од британската армија и нејзините припадници се сметаат за особено вешти и тивки и се ангажираат во специјални операции. Според официјално непотврдени податоци, биле ангажирани и во балканските војни во 1990-те.

Досега две лица со ампутирани нозе под колената се искачиле на врвот Еверест. Тоа се Новозеланѓанецот Марк Инглис во 2006 година и Кинезот Ксиа Боју во 2018 година.

Магар има протези на двете нозе и досега веќе искачил неколку врвови, меѓу кои Тубкаи во Мароко, Бен Невис во Шкотска и европскиот Мон Блан.

На овој поранешен десетар неколку години му било забрането искачувањето на највисоката планина на светот, поради непалскиот закон со кој на слепите лица и на оние со двојни ампутации им е забрането искачувањето на планини. Во меѓувреме, непалскиот Врховен суд го поништил овој закон.

„Сѐ додека својот живот можете да го прилагодите на времето и ситуацијата, сѐ е возможно, нема ограничувања, само небото е граница“, изјавил Магар за AFP во април пред да тргне кон базниот камп на Еверест.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hari Budha Magar (@hari_budha_magar)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.