ФОТО: „Независните“ новинари на протест на СДСМ

Новинарите кои сакаат да се претстават како независни и слободни, на денешниот протест не беа излезени службено, туку очигледно приватно како поддржувачи на Заев и СДСМ, објави „Курир“.

Тие денес покажаа дека се поддржувачи на СДСМ и дека освен што службено ги бодрат политиките на Заев, тие приватно се симпатизери на СДСМ.

Ида Протуѓер, Оливера Трајковска, Санта Аргирова, Среќко Поповски, Билјана Секуловска и Менче Атанасова Точи денес бараа оставка од Груевски. Тие не отидоа да работат или под закрила на СДСМ да бараат како досега повеќе слобода во новинарството, туку јавно ја покажаа својата партиска припадност.

Докажаа дека во Македонија тие не се независни новинари, туку новинари кои работат во името на СДСМ.