Американските таблоиди пренесуват дека славната Колумбијка Софија Вергара ги вознемирила своите фанови откако објави фотографија на која се појавува во видливо „истенчено“ издание.
По оваа фотографијај се покренаа голем број шпекулации за тоа што се случило со нејзините прочуени „заоблености“.
Шпекулациите ги подгреа и фактот што самата Вергара во неколку наврати јавно истакнуваше дека нејзините големи гради и пречат и дека размислува да ги затегне или намали пред, како што рече, да „почнат да ја удираат по колената“.
Некои сметаат дека „истенчениот“ изглед на Софија е резултат на фустанот што го носела, но многумина прават споредби на нејзините стари фотографии и тврдат дека Вергара навистина ги намалила градите.
Шпекулациите дополнително се зголемија по најновите фотографии на кои Вергара е снимена во Лос Анџелес за време на шопинг.
Сега сите се во очекување да се огласи славната убавица и да ги разјасни дилемите за нејзиниот нов изглед.