ФОТО: Новогодишни честитки со илустрации на Ване Костуранов, Зоран Инадески и Иван Петрушевски-Флим

Трјца млади македонски уметници учествуваат во акцијата на платформата за активизам „Лице в лице“ со која новогодишните празници се одбележуваат на оригинален и креативен начин. Цртежите и илустрациите на Ване Костуранов, Зоран Инадески и Иван Петрушевски-Флим ќе се најдат на новогодишни честитки кои граѓаните ќе можат да ги купат за 50 денари.

Во рамки на платформата излегува и истоименото улично списание „Лице в лице“. Доколку граѓаните кипат честитка од продавач на улица половина од продажната цена е наменета како негова/нејзина директна поддршка (истиот принцип како и со списанието).

– „Лице в лице“ верува дека ова е начин за да ги прескокнете формалните електронски честитки и да ги замените со топла, искрена и пријателска порака, за среќна нова година – велат од таму.

Сите честитки се преклопуваат и се со плик. Чинат 50 денари и може да се порачаат на мејлот info@cma.mk, или на телефонските броеви 02/2466 444, 076 22 07 04.

Собраните средства ќе бидат наменети за едукативната програма во која редовно се вклучени продавачите на „Лице в лице“.

1 2 3 4 5 6