Фото: Обама стави тиара

Група девојчиња, извидници, го убедија првиот човек на најмоќната држава во светот Барак Обама, да стави тиара.

Ова е помалку чудно, ако се знае дека пред извесно време Обама одби да стави шлем на главата на фудбалски натпревар на претставниците на воздухопловните сили, со објаснување дека кога си претседател на главата не ставаш ништо.

Оваа фотографија ја направил фотографот Пити Соуза, а иако е направена уште во јуни, на социјалните мрежи ја пуштил пред еден ден.