ФОТО: Обезбедувањето на СДСМ со оружје во Собранието

Светските агенции во четвртокот вечерта посветија значително внимание на настаните во македонското Собрание, кога граѓаните револтирано реагираа на неделовничкото поставување на Талат Џафери за спикер на парламентот, а медиумите пренесуваат и фотографии вооружени лица во Собранието.

Според непотврдени информации, во налетот на граѓаните во парламентот изразувајќи го својот револт кон пратениците на СДСМ, дел од обезбедувањето на социјалдемократите употребило и огнено оружје.

Извори од парламентот велат дека оружјето го потегнале членови од личното обезбедување на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски или на неговиот партиски челник Зоран Заев. Ваквиот потег наводно ги изиритирало граѓаните кои влегоа во Собранието по што следела физичка пресметка.

18197498_10211848099985161_722532675_n

Засега нема потврда на ваквите информации, меѓутоа се поставува прашање како одредени лица кои се ставиле во заштита на пратениците на СДСМ, според очевидци, воопшто можеле да внесат огнено оружје во Собранието.

Порталот Журнал претходно повикувајќи се на очевидци објави дека обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев извадило огнено оружје при немирите во Собранието кои следуваа денеска по изборот на Талат Џафери за собраниски спикер.

„Според информациите од терен, откако демонстрантите ја виделе ваквата ситуација, тргнале во пожестока пресметка и предизвикаа уште поголеми инциденти. По влегувањето на граѓаните во македонското собрание, доцна попладнево, дојде до физичка пресметка меѓу демонстрантите и пратеници на СДСМ“, објави Журнал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.