ФОТО| Облеката на Ејми Вајнхаус продадена за 16 до 64 пати повеќе од очекуваното

Мини здролништето коешто британската ѕвезда Ејми Вајнхаус го облече на својот последен концерт пред смртта во јуни 2011 година во Белград, продадено е на наддавање во саботата и неделата на Беверли Хилс за повеќе од 243.000 долари, што е 16 пати повеќе од првичната процена.

Ејми Вајнхаус која почина на 27-годишна возраст борејќи се со тешката зависност од алкохол и дроги, беше исвркана на споменатиот концерт на кој се појави тешко алкохолизирана без да може да се сети на стиховите на своите песни. Турнејата беше откажана, а пејачката почина еден месец подоцна.

Таа вечер го носеше мини зелено-црното здолниште со мотиви на свеќиња и бамбус, дизајнирано од стилистката Наоми Пери. Аукциската куќа Julien’s Auctions очекуваше дека фустанот ќе биде предодаден по цена меѓу 15.000 до 20.000 долари.

На аукцијата беа понудени 800 експонати, а стануваше збор за облека, модни додатоци, музички инструменти, книги, носачи на звук во разни формати. Организаторите очекуваа дека ќе соберат два милиона долари, но на крајот понудените предмети се продадени за вкупно четири милиони американски долари. Меѓу нив, освен облеката на Ејми имаше и рачни пишувани нејзини белешки и други додатоци кои станаа дел од нејзиниот имиџ.

Црвената кожна торбичка во форма на срце, со потпис на модната куќа „Moschino“, којашто Вајнхаус ја носеше на доделувањето на музичките награди Brit Awards во 2007 година, кога ја освои наградата за најдобра соло уметничка, е продадена за 204.000 долари, што е 13 пати повеќе од првичната процена.

Златниот фустан креација на двоецот „Dolce&Gabbana“, кој исто така Вајнхаус го носела на еден од своите јавни настапи, постигна цена од 150.000 долари, што е дури 30 пати повеќе од цената на којашто претходно во аукциската куќа се надеваа.

Комбенизонот „Temperley London“, кој Вајнхаус го носела на настап организиран во чест на прославата на 90-от роденден на јужноафриканскиот лидер Нелсон Мандела, е продаден за над 121.000 долари, иако пред аукцијата бил проценет на само 1.000 долари.

Потпетиците со потписот на „Christian Louboutin“, која Ејми ги носела на истата свеченост добија нов сопственик за 38.400 долари или за цена од 64 пати повеќе од првично очекуваното.

Двата чифта од розевите балетски папучи се продадени за 12.500 и за 19.200 долари, а металната улична плочка со натписот „Camden Square“ на која обожавателите по смртта на Ејми со рака ги пишуваа своите посвети, продадена е за 19.200 долари.

Целиот приход од аукцијата на Julien’s Auctions организирана под насловот „Животот и кариерата на Ејми Вајнхаус“ наменет е за фондацијата којашто ја основаа нејзините родители во знак на сеќавање на својата прерано почината ќерка, а средствата се наменети за помош и лекување на млади кои се справуваат со зависностите.