Во сообраќајна несреќа што околу 18:40 часот се случила на патниот правец Делчево- Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма, повредени се 3 машки лица.
Се судрија автомобил во кој биле бугарски државјани и комби. Сообраќајот кај местото Баткова чешма, беше во прекин поради сообраќајната несреќа.
Двајцата патниците имаат повреди на градниот кош и стопало. Тие се се уште во болница. Возачот на комбито исто така има повреди на граден кош и стомак.
Полицијата истражува како дошло до сударот.