(ФОТО) Огнометот во Дубаи, запишан во Гинисовата книга на рекорди

Грандиозниот огномет приреден во Дубаи за дочекот на 2014 година е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најголем организиран до сега во светот.

Во Гинисовата книга на рекорди стои запишано дека овој огномет се подготвувал девет месеци и биле испалени повеќе од 500 илјади ракети. Огнометот траеше шест минути.

glavna slika dubaiОвој пиротехнички спектакл се случуваше 94 километри по должината на брегот од највисоката кула во светот Бурџ Калиф преку вештачките острови во облик на палма се до вештачкиот архипелаг во облик на картата на светот.

Спектакуларниот финален огномет создаде вештачко раѓање на сонцето по должината на крајбрежјето, еден километар во височина.

За перформансот се користени 100 компјутери за синхронизација на пиротехниката во комбинација со музика и кореографија.

dubai 3Во подготовката учествувале повеќе од 200 стручни техничари кои работеле пет илајди работни часови за да бидат сигурни дека тајмингот на огнометот ќе биде прецизен до милисекунда.