(ФОТО) Јокиќ ги шокираше фановите со новиот изглед

Ѕвездата на Денвер, српскиот кошаркар Никола Јокиќ синоќа се појави во јавноста по што излегоа фотографии на кои се гледа негова неверојатна трансформација која се случила во изминатиот период.

За време на карантинот многумина имаат проблеми со дебелеење, но Јокиќ решил периодот да го искористи за да ги симне вишокот на килограми.
Тој синоќа се појави на настан на неговиот поранешен клуб Мега Бемакс каде беше во друштво и со Новак Ѓоковиќ. Но она за кое се зборува се изгубените килограми на Јокиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.