(ФОТО) Откриени извонредно зачувани останки на мажи настрадани во катаклизмата во Помпеја

Археолозите откриле извонредно добро сочувани посмртни останки на двајца мажи, како што претпоставуваат од богат граѓанин и негов роб, кои се обидувале да се спасат по ерупцијата на Везув во која пред повеќе од две илјади години е уништен дравниот римски град Помпеја, соопшти викендов италијанското министерство за култура.

Останките од двајцата мажи се пронајдени при археолошките ископувања на урантините од некогашна вила која имала панорамски поглед на Средоземното Море од древниот римски град уништен во природната катастрофа во 79 година пред нашата ера. Станува збор за истата област во којашто во 2017 година беше откриена просторија, веројатно штала, со останки од три впрегнати коња, како што се претпоставува, подготвени за бегство пред катаклизмата.

Попрецизно, просмртните останки се пронајдени во местото Чивита Џулијана, 700 метри севрозападно од центарот на древната Помпеја, во подземна просторија на пространата вила на којашто сѐ уште траат ископувањата. Двата скелета биле пронајдени во споредна просторија долж подземен коридор, или премин – простории познати во древниот Рим како криптопортикус – кој водел до горните нивоа на вилата.

Еден од нив веројатно имал висок општествен статус и бил на возраст меѓу 30 и 40 години. Под вратата археолозите нашле остатоци од волнена наметка. Вториот маж, веројатно на возраст меѓу 18 и 23 години, бил облечен во куса туника и имал неколку оштетени ‘рбетни пршлени, што според археолозите укажува на тоа дека бил роб кој извршувал тешки физички работи. Забите и коските на двајцата мажи се добро зачувани, а коскените шуплини научниците прво ги исполниле со гипс кој се стврднал, а потоа ги ископувале за да не се скршат.

Оваа пионерска техника која датира од почетокот на 1800-те години, ја дава сликата не само за формата и положбата на жртвите кога ги затекнала смртта, туку прави останките „да изгледаат како статуи“, изјави Масимо Осана, археолог и генерален директор на археолошкиот локалитет кој работи под јурисдикција на италијанското министерство за култура.

Двете тела се најдени легнати едно крај другото на грб во слој од сив пепел длабок најмалку два метра, соопштија научниците на кои им е доверено истражувањето на Помпеја. Според нив, двете жртви очигледно го избегнале првичното затрупување од вулканската пепел од ерупцијата на Везув, а загинале во силната вулканска експлозија следното утро. Последната ерупција „очигледно ја погодила областа на повеќе локации и ги затрупата жртвите во пепелта“, соопшти властите задолжени за локалитетот.

„Овие две жртви веројатно се обидувале да најдат засолниште во криптопортиклусот, во овој подземен простор, каде што сметале дека ќе бидат подобро заштитени. Наместо да се засолнат, околу 9 часот утрото на 25-ти октомври 79 година п.н.е ги однел пирокластичниот бран (пламен облак од вулкански материјал – з.р.). Умреле од последици на термички шок, на што укажуваат нивните стиснати нозе и раце“, додаде Осана.

Италијанскиот министер за култура Дарио Франческини изјави дека ова откритие го истакнува статусот на Помпеја како „неверојатно место за изражувања и проучувања“.

Во Помпаја во моментот на ерупцијата на вулканот Везув, кој е и денес активен, живееле околу 13.000 жители. Остатоците од дотогаш митскиот град биле откриени дури во XVI век, а организираните археолошки ископувања започнале околу 1750 година. Во последниот период вниманието на научниците е насочено на настојувањата да се запре пропаѓањето и урувањето на вредните остатоци од древниот град.