ФОТО: Опожарен автомобил на Илиденска

Опожарено возило на булеварот Илинден во центарот на Скопје.

Според првичните информации попладневно горел автомобил „рено меган“ пред пензионерскиот дом „Карпош“ на булеварот Илинден во Скопје.

reno3

Од противпожарната единица потврдија дека пожарот е локализиран и спречена поголема несреќа. Командираот Благоја Менковски истакна дека на терен биле две возила, а пожарот бил пријавен пред околу половина час.

reno1

За среќа, нема повредени.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицискиот увид е во тек.