(ФОТО) Опозицискиот лидер Христијан Мицскоски се возеше со јавен превоз

Обично странските политичари, посебно скандинавците, ги посочуваме како примери за одговорни личности кои не ја користат позицијата да се луксузираат и да покажуваат моќ, туку во секојдневниот живот се однесуваат како и останатите нивни сограѓани – одат на работа со велосипед, корситат јавен превоз, летаат со редовни линии итн.

Ова деновиве го направи опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој при миниевропската турнеја во чешката престолнина Прага се возеше јавен превоз. Секако, ова е пример за почитивање, а ќе биде уште подобро ако се одважат политичарите ова да го практикуваат и во нашата земја.

Мицкоски пред некој ден на Твитер напиша:

„Во Лајпциг ќе имаме состаноци и со Извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата. Државата се сака без разлика дали сте во опозиција или во владата“.