(ФОТО) Организирано носење на гласачи со комбиња во Горно Мојанци

Организирано носење на гласачи од страна на македонска владејачка партија се случува во овој момент во скопското село Горно Мојанци.

Според фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција се гледа како со комбиња се носат гласачи да гласаат на едно од избирачките места во селото.

Инаку ова не е прв ваков инцидент денеска, КУРИР постојано објавува за нерегуларностите организирани од страна на албански и македонски владејачки партии.