ФОТО: „Орхидеја која зрачи“ е бојата 2014 година

Компанијата Пантон која се официјално задолжена за контрола на комплетниот спектар на бои ја објави бојата која ќе ја одбележи годината која ни доаѓа.

 

Според нив, 2014 ќе ја обоиме во Орхидеја која зрачи (Radiant Orchid), а нејзиниот технички назив е PANTONE 18-3224. Кога Пантон ќе ја одреди официјалната  боја на годината, сè околу нас ќе биде во таа боја, од облека до технолошки гаџети и мебел за уредување на просторот.

 

Избрана е бојата на 2014-та

„Radiant Orchid предизвикува и инспирира сигурност и зрачи со љубов. Тоа е виолетова боја која освојува, која привлекува кон себе со својот неверојатен шарм“, изјавува Леатрис Ајсман, извршниот директор на Color институтот.